На социјалните мрежи се појавија фотографии од асфалтирана уличка во општина Ѓорче Петров, а како што може да се забележи на нив, на еден дел од улицата е поставена искршена надгробна плоча.
- Три години ќе намолиш за тампон на уличка од стотина метри, едвај ќе стават и го добиваш ова. НАДГРОБНА ПЛОЧА, стои во фејсбук објавата на страницата именувана како Ѓорче Петров.
Улица 31, Волково.
Останува нејасно зошто е ставена ?
Веројатно како споменик за нашите желби за нормални услови за живот.
Кој ја ставил ?
Чија е оваа плоча ?
Ги контролира ли некој работниците ?
Кој ќе понесе одговорност ?
Aleksandar Naumoski и општина Ѓорче Петров освестете се !
Излезете од канцелариите и видете со што се соочуваат луѓето.
Одамна го поминавме стадиумот на смешно, веќе е морбидно, се додава во нивната објава.