За кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, Основното јавно обвинителство Тетово денеска поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице, информираат од ОЈО Тетово.

-Обвинетиот не ја почитувал Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, па за време на полицискиот час се движел без да поседува дозвола за тоа, соопштија од обвинителство.

Обвинителството предлага на обвинетиот Судот да му изрече парична казна од 100 дневни глоби​.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/05/2020 14:57