Основното јавно обвинителство Струга поднесе предлози за издавање казнени налози против две лица, обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, соопштија од ОЈО Струга.

-Двајцата обвинети се товарат дека не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Македонија, донесена од Владата со цел да се спречи ширење на заразна болест. За време на полицискиот час, едниот се движел на регионалниот пат Струга-Дебар, а другиот бил затекнат на локален пат во селото Велешта, соопштија од обвинителство.

За секој од обвинетите надлежниот јавен обвинител предложи парична казна од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде одредена на 30 евра во денарска противвредност.​



Автор: Администратор
Објавено на: 12/05/2020 16:12