Во текот на изминатото деноноќие на ниво на Секторот за внатрешни работи Велес, односно во Велес, Кавадарци и Неготино нема регистрирано лица кои не ја почитувале забраната за движење за време на полицискиот час.

Како што информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, во овој период нeма нови регистрирани лица со решенија за изолација и со изјава за самоизолација.

Вкупно со Решение во изолација има 157 лице, од кои најмногу 152 се во Велес, пет во Неготино, а со изјава за самоизолација има вкупно 43 лица, од кои 27 во Велес, девет во Кавадарци и седум во Неготино.

-Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки, информира Додевски.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/05/2020 16:50