Основното јавно обвинителство Гостивар, до Основниот суд во Гостивар достави предлози за издавање казнен налог против четири лица од Гостивар.

– Обвинетите се движеле пеш или со возила додека во сила била забраната за движење на населението на територијата на државата.Со прекршување на полицискиот час, обвинетите сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информираат од ОЈО Гостивар.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар ​му предложи на Судот на обвинетите да им биде определена парична казна во висина од по 100 дневни глоби.​



Автор: Администратор
Објавено на: 12/05/2020 22:30