Пејачката, глумица и дизајнерка Ријана ја издаде својата нова колекција женска долна облека и костими за капење од линијата „Севиџ Екс“.

Освен тоа, Ријана овојпат објави и конкурс за нови модели. Имено, таа на Инстаграм ќе спроведе натпревар и избор на момци и девојки кои ќе ги претставуваат нејзините наредни колекции.

Натпреварот трае од денеска па сѐ до јули.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/05/2020 00:53