Рок-групата „Ганс ен роузес“ објавува сликовница за деца, инспирирана од една од нивните најпознати песни – „Sweet Child of Mine“ oд 1988 година. Дел од проектот е и писателот Џејмс Патерсон.

– Како вечен обожавател на групата, јас сум возбуден што работам со нив и што ја оживеав познатата песна низ слики и приказна. Сликовницата ја слави љубовта и музиката и како сѐ тоа го разубавува животот на најубав можен начин, изјави Патерсон.

Приказната „Слатко мое дете“ е за Наталија и Маја – ќерка и внука на менаџерот на групата Фернандо Лебелс, и ги прикажува нивните авантури со турнеите на бендот.

Ова не е прв пат Патерсон да соработува со други. Тој неодамна ја издаде и книгата „Претседателот исчезна“ – со поранешниот американски претседател Бил Клинтон. За групата „Ганс ен роузес“, ова е прв ваков ангажман. Сличен проект имаше и Пол Макартни од „Битлс“, лани, кога ја објави „Еј Грандуд!”



Автор: Администратор
Објавено на: 13/05/2020 11:57