Почесниот претседател на Формула 1, Берни Еклстоун го сподели своето мислење за тоа кој следен чекор треба да го направи Себастијан Фетел.

Ферари и Фетел најавија прекин на соработката на крајот на сезоната 2020, а иднината на Германецот останува неизвесна.

– Искрено, да бев на местото на Фетел, нема да одам во супер врвен тим, туку ќе се обидам да изградам нов тим со други луѓе. Едноставно не гледам посебна причина Себастијан да оди во Мерцедес, на пример. Можноста да се добие Фетел би била комплетна победа за тим кој сега е во изградба. Да, и за Себастијан би било одлично, би било нешто ново, како кога тој го започна своето патување со Ред Бул, истакна Екелстоун.

Тој исто така верува дека Ферари ќе направи добар избор ако го покани Карлос Саинц.

– Саинц неочекувано прерасна во многу конкурентен тркач. Тој е исто така многу талентиран, а тимот ќе биде многу лесен за работа со него. Ако Саинц е таму, тогаш тој ќе биде во улога на втор возач, но за него статусот на втор во Ферари нема да биде проблем.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/05/2020 14:56