Двајца жители на Дебар се обвинети за непочитување на полицискиот час, информираат од Јавното обвинителство.

-Во одделни кривично-правни настани, обвинетите биле затекнати како се движат надвор од своите домови за време полицискиот час, без да поседуваат дозвола за тоа. Со ова тие постапиле спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, соопштија од обвинителство.

Јавниот обвинител за секој од обвинетите предложи парична казна од 10 до 100 дневни глоби.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/05/2020 15:33