Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство-Штип, денеска поднесе предлози за издавање казни во висина од по 500 евра против четири лица што не го почитувале полицискиот час.

– На лицата им се става на товар дека не ги почитувале мерките за забрана за движење и во време на полициски час, без дозвола се движеле на различни места во градот, при што сториле кривично дело Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од чл. 206 став 1 од КЗ, се вели во соопштението од ОЈО.

Обвинителството му предложи на Основниот суд Штип на обвинетите да им биде изречена парична казна во висина од 500 евра во денарска противвредност, односно по 50 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да изнесува 10 евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/05/2020 00:50