Со дозвола на надлежните органи да започнат индивидуални спортски тренинзи, се разбира со однапред исполнети услови, државниот првак за кадети во бокс, Беќир Лимани од Кичево е меѓу првите спортисти во оваа општина кој по подолго време поради коронавирусот , продолжи со зголемен интензитет со индивидуалните тренинзи.

Неговата цел е да биде што е можно поподготвен за одбрана на титулата освоената минатата година на државното првенство за кадети што се одржа во Скопје, при што во финалето ја освој титулата државен шампион во боксот за кадети во категорија до 57 килограми.

– Тренинзите ги одржувам според однапред работена програма од страна на моите тренери од Б.К.”Шкендија но Лимит” од Тетово чии член сум, вели младиот боксер Лимани , кој додаде дека врз основа на таа програма ќе продолжи да работам и во наредните денови, самостојно во родното Кичево.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/05/2020 11:58