Младата американска професионална голферка Пејџ Спиранак постојано ги чести следачите со видео од еден свој вообичаен ден за тренинг.

Со тоа, според многумина, сака да покаже и дека и камерата и фото објективот ја сакаат.

Пејџ Спиранак е родена 1993 година во Денвер, Колорадо, САД. Таа првично играла голф на Универзитетот на Аризона и Државниот универзитет во Сан Диего. Професионалната кариера ја започна 2015 година на „Кактус тур“, по што следеа и други натпревари.

Перидов, како и цел свет, и таа е во самоизолација, но не ги заборава тренинзите и својата страст – голфот.

На Инстаграм, спортистката има над два милиони следачи.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/05/2020 12:11