Две лица приведени во полиција поради прекршување на мерката за ограничено движење и еден угостителски објект кој работел и покрај владината забрана. Ова е исходот од контролата на полицијата во изминатото деноноќие во тетовскиот регион по однос на мерките за спречување на ширење на коронавирусот.

– Лицата биле лишени од слобода и против нив ќе бидат изготвени соодветни поднесоци за „непостапување според прописите за време на епидемија“ според член 206 од Кривичен законик. Угостителскиот објект е затворен, информираат од СВР – Тетово.

Во периодот од изминатите 24 часа, нови 28 лица се во изолација со решение од Државниот санитарен инспекторат, а контролирале вкупно 135 лица со претходни решенија. Решенија за самоизолација потпишале две нови лица, а е извршена контрола на 28 лица кои се уште се во самоизолација, се наведува во статистичките податоци од СВР – Тетово.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/05/2020 13:39