Асоцијацијата на Евент индустријата, бараат итна средба со преставниците на Владата за изнаоѓање на квалитетно и одржливо решение, бидејќи како што велат се оневозможени да ја обавуваат својата основна дејност и да оставруваат приходи од 28 февруари кога се донесе препорака за неодржување на јавни собири, а подоцна и со забраната со Уредба.
Овој сектор, како што наведуваат, опфаќа фирми кои се занимаваат со Организација на настани од секаков вид, Рентал компании, Видео, ТВ и филмски продукции, Аудио продукции и Техничка поддршка на настаните, а на прес конференции, на кои се издвојуваат загроени сектори или сектори кои се со нула приходи, ниту еднаш не бил споменат нивниот сектор, кој, според нив, заедно со туризмот ќе бидат најголеми губитници од пандемијата.
– Како одговорни граѓани целосно и без поговор ги почитувавме сите мерки. Но, како стопанственици, сме сериозно загрижени. Во прашање е опстанокот на нашите бизниси. Особено што немавме можност досега да слушнеме ниту најава за план за наше пуштање. Затоа, бараме итна средба со вас, на која би се разгледале можностите за преживување на индустријата. На средбата би се разгледале можностите и термините за релаксирање на мерките во нашата дејност а ќе ви доставиме и наши конкретни предлози за подобрување на нашата состојба. Веруваме дека заеднички можеме да најдеме квалитетни решенија со кои би ја спасиле нашата дејност а притоа би го заштитиле јавното здравје. Отворени сме за состанок на датум и во време кое вие ќе го прецизирате, наведуваат од Асоцијацијата.
Асоцијација на Евент Индустрија писмото со барање за средба го доставила до премиерот Оливер Спасовски, до вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска и до министрите за финансии, за економија и за здравство Нина Ангеловска, Крешник Бектеши и Венко Филипче.