Парична казна од по 2.000 евра за осуммина прилепчани, денеска предложи Основното јавно обвинителство Прилеп за непочитување на мерките на Владата донесени со цел спречување на заразната болест COVID-19.

Од ЈО соопштија дека обвинетите за време на полицискиот час се движеле на различни локации во градот, со што сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/05/2020 15:58