Тетовското обвинителство поднесе казнени налози против две лица од селата Челопек и Порој, заради непочитување на забраната за движење во време на полициски час, информираат од ОЈО Тетово.

– Постапувајќи по доставените кривични пријави против две лица од с. Челопек и од с.Порој, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство-Тетово до Основниот суд-Тетово достави предлог за издавање казнени налози. Лицата во текот на вчерашниот ден биле забележани на различни локации како се движат низ градот, информираат од обвинителство.

Со своите дејствија тие сториле кривично дело Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија и заради оваа причина обвинителството му предложи на судот на обвинетите да им изрече парична казна во висина од по 100 дневни глоби.

Истовремено и ОЈО Гостивар, денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против пет лица кои не ја почитувале забраната за движење во изминатото деноноќие.

-На лицата им се става на товар дека движејќи се на различни локации во градот сториле кривично дело Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, истакнуваат од гостиварското обвинителство.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/05/2020 15:58