Градоначалникот Велимир Смилевски денеска во домот на семејството Радевски однесе комјутер за Кате која е штитеник во заводот за рехабилитација на деца и младинци во Бутел.

Донирај го својот стар компјутер“, е акција која ја покрена Општина Бутел за да им се помогне на децата кои неможаат да го имаат овој апарат во своите домови и да ја следат он-лајн наставата која се наметна за завршување на школската година со заштитните мерки во борбата со пандемијата од коронавирусот.

Во овој случај со компјутерот ќе работи мајката на Кате, која е доктор по психолошки науки и ќе и овозможи да продолжи со своите наиучни истражувања за да помогне на Кате и дечињата кои се соочуваат со вакви препреки во животот.

Овој момент за нас е како дожд среде пустиња. Природата треба да се користи, но што и да се прави неможе да се смени – вели Ванѓа Радевска, мајката на Катерина која е дете со пречки во природниот развој.

Општина Бутел продолжува во и наредните денови со распределбата на донираните персонални компјутери преку училиштата кои ги има на својата територија, а ќе бидат наменети за децата од семејствата со загрозен социјален статус и семејства од руралните средини



Автор: Администратор
Објавено на: 14/05/2020 16:13