Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга до Основниот суд во Струга поднесе предлози за издавање на казни од по 3 000 евра против две лица од с. Погорци и едно од с. Враништа кои не го почитувале полицискиот час.

Лицето од с. Враништа е обвинето дека не ја почитувало забраната за движење и за време на полициски час бил забележан пред Основното училиште во с. Враништа.

– Кога ги забележало овластените полициски службеници се дало, во бегство но по кратко време било сопрено, информираат од ОЈО.

Обвинетите од с. Подгорци за време на првомајскиот празник не ја почитувале забраната за движење и заедно со други лица биле затекнати од страна на овластените полициски службеници како се движат низ с. Подгорци.

Обвинителството со предлозите за издавање казнени налози побара судот на обвинетите да им изрече парични казни во износ од по 100 дневни глоби, со што висината на дневните глоби да изнесува по 30 евра во денарска противвредност.

Сите обвинети се товарат дека сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија предвидено и казниво по член 206 став 1 од Кривичниот законик.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/05/2020 16:15