Ракометниот клуб Бутел Скопје продолжува да го склопува играчкиот мозаик пред новата сезона, во која повторно ќе ја претставува нашата земја во Лигата на Европа.
По продолжување на соработката со левото крило Мирко Мајиќ, нов договор на една година потпиша и средниот бек Горан Печенковски, соопштија од клубот.
– Договорена е соработка и за следната сезона, тука сум од самото формирање на клубот, поминавме доста предизвици, убави моменти, спремен сум да дадам максимум и се надевам на уште една успешна година. Жал ми е што првенството мораше така да се заврши, но тоа е сосем правилно бидејќи здравјето е пред се во живототот. Сметам дека РФМ слично како и во сите првенства во кои системот на натпреварување е ист, донесе правилна одлука околу пласманот на табелата, среќни сме што ке имаме прилика и наредната година да играме во Европа и можеби со малку среќа, ќе успееме да стигнеме уште подалеку од лани, вели Печенковски, цитиран од клубот.