Основното јавно обвинителство Прилеп до Основниот суд Прилеп поднесе пет предлози за издавање казнени налози против седум лица кои го прекршиле полицискиот час и се движеле на различни локации низ Прилеп.

– Со своите дејствија сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинителството му предложи на судот на обвинетите да им биде изречена казна од по 100 дневни глоби за секој од нив. Вредноста на една дневна глоба да изнесува 20 евра во денарска противвредност, соопшти Јавното обвинителство.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/05/2020 14:21