На 14.05.2020 во 18.45 часот било пријавено дека во с.Батинци, скопско, патничко возило „опел вектра“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(32) од Скопје, удрило во седумгодишен пешак од Скопје и го напуштило местото на незгодата.
Пешакот бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.