Единицата за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против З.М.(57), поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и „фалсификување службена исправа“.


МВР откри нов случај со лажна потврда за движење во полициски час

Пријавениот, во својство на управител на правно лице, во период на постоење Одлука за забрана и посебен режим на движење на територијата на РСМ, на двајца вработени издал дозвола за движење поради вршење на сменска и ноќна работа и покрај тоа што правното лице немало регистрирано ноќна работа и работа во викенд. Притоа, на 29 април 2020, при контрола од страна на полициски службеници, тие на увид ја приложиле дозволата со невистинити податоци.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/05/2020 02:16