Во текот на изминатото деноноќие евидентирано е дека на ниво на целата држава 64 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 49 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Дваесет лица ја прекршиле мерката за задолжително носење заштитна маска.

Како што соопшти МВР, за последните 24 часа на територијата на државата на 107 лица им се издадени решенија за изолација, а 54 лица потпишале изјави за самоизолација.

Полицијата при извршени контроли не евидентирала лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/05/2020 12:34