Полицијата информира дека починал работник со иницијали Б.С (51) од тетовско село, кој се повредил при работа во фабрика во Скопје.

Во СВР Скопје вчера во девет часот од болницата „Аџибадем Систина“ било пријавено дека кај нив бил донесен повреден работник од фабрика во Скопје. По излегување на местото на настанот полициски службеници констатирале дека станува збор за Б.С.(51) од тетовско село, кој се повредил при работа. Од страна на лекар била констатирана смрт, информира во дневниот Билтен Министерството за внатрешни работи.

Известени се надлежни инспектори, а увид бил извршен од увидна екипа од СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/05/2020 12:35