Основното јавно обвинителство – Битола денеска поднесе три предлози за издавање казнени налози против четири лица за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

– Сите четири лица се обвинети за непочитување на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, бидејќи за време на полицискиот час се движеле без дозвола на различни локации, соопшти Обвинителството.

Со казнените налози за нив се предложени парични казни од по 100 дневни глоби со висина на една дневна глоба од 20 евра во денарска противвредност.​



Автор: Администратор
Објавено на: 16/05/2020 17:17