На ниво на целата држава во текот на изминатото деноноќие 77 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 58 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Како што денеска соопшти МВР, по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 37 прекршоци.
За последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија на 11 лица им се издадени решенија за изолација, а 27 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници, се посочува, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.