Mерката „Викенд без ДВВ“ планирано е да се реализира кон крајот на август и почетокот на септември кога се очекува намалување на интензитетот на вирусот. Потенцира дека доколку и во овој период има препораки за негрупирање на граѓани, тогаш ќе се разгледа опцијата кога ќе биде најповолен момент за нејзина реализација, истакна економскиот советник во Владата Фатмир Бетиќи

– Ова е мерка која е предвидено е да се реализира кон крајот на август и почетокот на септември кога очекуваме ефектите од корона вирусот да спласнат и ќе се креираат услови за непречено фунцкионирање на општеството. Во таа смила не сметаме дека евентуалното групирање на луѓе ќе предизвика бран на негативни ефекти. Ако во тој период има препораки за негрупирање, тогаш ќе се види кога ќе биде најпогодниот момент да се имплементира, потенцира Битиќи.

Појасни дека само корисниците на апликацијата „Мој ДДВ“ ќе може да учествуваат и само продуктите кои ќе се продадат тој ден, а за кои ќе има фискална сметка.

Во однос на ваучерите за одмор од 6.000 денари и платежна картичка од 3.000 денари, Битиќи појасни дека целта е да им се помогне и на граѓаните и на домашниот туризам.

За платежната картичка за купување на македонски услуги и производи, Битиќи рече дека се согледуваат техничките решенија за тоа дали ќе може софтверски да се препознаваат овие производи и на посебен посттерминал да се плаќаат.

– Во моментот кога граѓаните ќе ги добијат картичките, ќе бидат дополнително известени. Сакаме да овозможиме средствата кои ги даваме да ја поттикнат македонската економија која е најпогодена и еднаш за секогаш да се свртиме кон домашната економија, рече Битиќи.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/05/2020 13:02