Општина Аеродром денеска ја одбележува 148-годишнината од раѓањето на истакнатиот македонски револуционер Јане Сандански, а по тој повод, делегација на Општината, предводена од градоначалникот Златко Марин, положи цвеќе пред споменикот „Јане Сандански“.

На одбележувањето присуствуваа и претставници од Советот на Општината, од основните училишта и градинките, како и пензионери од здружението „Солидарност – Аеродром“.

– Идеалите и заложбите на големиот македонски визионер се заедничка обврска за единство и сплотеност на сите наши граѓани, истакнаа од Општина Аеродром.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/05/2020 14:13