За безбедноста на попладневиот протест организиран од Алијасата за заштита на Националиот тетар, поддржан од албанска обединета опозиција, ќе се грижат најмалку илјада полициски службеници од сите сектори.

Исто така во целосна готовност ќе бидат и специјалните единици Шќипоња и Ренеа, како и онаа за брзи интервенции.

Полициските службеници ќе бидат распоредени долж целиот периметар на зградата на тетарот, што беше урнат вчера, а во текот на денов се вршат и строги контроли на возилата кои пристигнуваат во Тирана.

Од пред зградата на Генералниот директорат на државната полиција, преместени се на друга локација сите полициски возила, во случај демонстрантите да се движат кон оваа зграда.

Под полициски надзор ќе бидат и другите владини институции во случај да ескалира состојбата.

Протестот е закажан за 16 часот и 30 минути.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/05/2020 00:35