Организаторите на германското Гранд При се подготвени да бидат домаќини на трка во Формула 1 наместо Силверстон. Одржувањето на британското гран-при е загрозено откако тамошните власти издадоа декрет за потребата да се изврши двонеделен карантин за сите лица кои влегуваат во земјата.

Вработените и учесниците во Формула 1 сè уште не подлежат на исклучок од ова правило.

Во Германија изразија подготвеност да бидат домаќини на две трки кои првично требаше да се одржат на Силверстон. Натпреварувањето би се одржало на Хокенхајм ринг.

За сезоната 2020 на првичниот календар не беше предвидена трка за Големата награда на Германија.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/05/2020 16:07