Албанија доби дополнителни финансиски средства во износ 900.000 долари помош од САД за справување со пандемијата од Ковид-19.

Веста на Твитер ја објави американската амбасадорка во Тирана Јури Ким, додавајќи дека вкупната американска помош за Албанија за оваа цел достигнува два милиони долари.

-САД и доделија на Албанија дополнителни 900.000 американски долари за коронавирус, со што вкупната помош изнесува 2 милиони американски долари а се за лаборатории, техничка помош, за истражување случаи. Од 2000 година до сега помошта за Албанија достигнува 700 милиони долари, напиша амбасадорката Ким.

Посочува дека Соединетите држави секогаш ќе бидат со пријателите и ќе ја предводат борбата против глобалните закани.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/05/2020 00:42