Американскиот актер Хаген Милс, познат по својата улога во серијата „Баскетс“ е пронајден мртов, но постои сомнеж дека извршил самоубиство откако пукал во мајката на неговото дете, Ерика Прајс.

Полицијата ја пронашла Прајс (34) со прострелни рани на раката и градите.

Прајс за полицијата изјавила дека Милс (29) пукал во неа, а потоа и во себе.

Според полицијата, Милс ги држел како заложници неговата ќерка и мајката на Ерика, додека Прајс не се вратила дома, а потоа ја застрелал.

Мајката и ќерката на Прајс не се повредени при инцидентот, а Прајс е префрлена во болница и нејзината состојба е стабилна.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/05/2020 13:02