Во Стопанската комора на Македонија денеска ќе бидат презентирани клучните наоди од „Студијата за ефектите предизвикани од КОВИД-19 врз туристичко угостителскиот сектор, со препораки за справување со економските ефекти“.

Презентацијата е организирана во рамки на Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, имплементиран од „ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал“ и четирите клучни партнери: Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/05/2020 09:39