Спортскиот директор во Формула 1, Рос Браун е уверен дека првенството ќе се справи со кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус.

– Сега минуваме во многу тежок период. Важно е да се запамети дека Формула 1 минуваше низ фантастични времиња, а тие нè чекаат во иднина. Инспиративно е да се најде начин за излез од моменталната состојба. Ф-1 беше во одлична состојба пред шест месеци, а за шест месеци сè ќе биде добро. Таквите мисли навистина помагаат, тоа е посебно чувство, изјави Браун.

Сезоната 2020 сè уште не е започната, неколку трки се одложени, а некои откажани. Сепак, сите во најбрзиот спорт се оптимисти дека до крајот на годината сезоната ќе заврши.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/05/2020 00:04