Групацијата на забавни и рекреативни дејности во рамки на Услужната комора при Сојузот на стопански комори на Македoнија денеска ќе ги соопшти ургентните барања на компаниите од секторот од сите градови во земјата, кои веќе трет месец се затворени по донесената уредба на Владата за превенција од Ковид-19.

Информираат дека станува збор за претприемачи, микро и мали компании кои се најпогодени од здравствено-економската криза, a се столб на националната економија.

– Мерките кои ќе бидат испорачани се во насока на создавање можности за што поскоро безбедно започнување со работа на компаниите, се со цел да се помогне на дејноста, се вели во соопштението на Групацијата на забавни и рекреативни дејности во рамки на Услужната комора при ССКМ.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/05/2020 10:31