Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп запре два грчки танкери што пловеле под знаме на Либерија и транспортирале иранска нафта кон Венецуела, објави Фокс њуз.

Првиот од најавените пет танкери во Венецуела пристигна во неделата, а уште два брода „ја пробија“ американската блокада, иако американската морнарица најави дека нема со сила да го попречува поморскиот сообраќај.

САД остро протестираше поради извозот на иранска нафта во Венецуела, бидејќи двете држави се под санкции од Вашингтон.

Еден ден пред пристигнувањето на танкерите, венецуелските власти на крајбрежјето распореди противвоздушни ракети, а претседателот Николас Мадуро најави воена вежба на единиците за противвоздушна одбрана.

Додека Пентагон изминатата недела го зголеми присуството на своите поморски сили и во Карипско Море и во Персиски Залив.

Петте ирански танкери со 1,5 милиони барели нафта се испратени со цел Венецуела да ја надмине кризата со гориво, предизвикана од санкциите на САД кон јужноамериканската држава.

Но, според аналитичарите доставената иранска нафта ќе биде доволно за две до три недели.

Венецуела има најголеми резерви на нафта во светот, но мора да увезува гориви бидејќи рафинериите во земјата годинава работат со 10 отсто од своите капацитети од 1,3 милиони барели дневно.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/05/2020 15:03