Позитивен финансиски резултат оствариле три телевизии и тоа ТВ Алфа (добивка во износ од 14,06 милиони денари), ТВ Алсат-М (0,10 милиони денари) и ТВ Сител (31,81 милиони денари). ТВ Канал 5 годината ја завршила со загуба од 9,50 милиони денари, а најлош финансиски резултат остварила ТВ Телма (загуба од 22,8 милиони денари).


Сител, Алфа и Ал Сат прокнижиле добивки, Телма и Канал 5 во минус

Вкупните трошоци на овие пет телевизии изнесувале 1.269,06 милиони денари. Само ТВ Алфа потрошила помалку средства отколку во претходната година (за 4,38%). Останатите четири телевизии ги зголемиле трошоците и тоа: ТВ Алсат-М за 1,53%, ТВ Канал 5 за 7,34%, ТВ Сител за 10,38% а ТВ Телма за 17,59%.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2016 15:45