Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Зелениково, Илинден и Карпош, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 08:00 до 16:00 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од село Таор, Општина Зелениково.

Во периодот од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе станат дел од корисниците од улиците бр. 8, бр. 400 и бр. 500 во село Марино, Општина Илинден.

Во периодот од 09:00 до 13:00 часот без електрична енергија ќе останат објектите на „Скопски Пазар" во населбата Тафталиџе 2, Општина Карпош.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/06/2020 01:21