Тимот на Мерцедес1 ќе им овозможи на своите резервни возачи Штофел Вандорн и Естебан Гутиерез да тестираат со автомобилите на Мекларен и Рејсинг Поинт во 2020 година.

Информацијата беше потврдена од германскиот тим. Белгиецот Вандорн е поранешен возач на Мекларен, додека Мексиканецот Гутиерез возеше за Заубер и Хаас.

Новата сезона во Формула 1 се очекува да започне на 5 јули со австриското Гран При. Првенството ќе започне со сериозно одложување поради пандемијата од коронавирус, откако многу од трките беа откажани или одложени.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/06/2020 16:18