Кијану Ривс (55) се приклучил кон проектот „Матрикс 4“, оти „тоа е едно прекрасно сценарио и чудесна приказна“, како што самиот рече.

Веќе некое време се знае дека глумецот ќе ја повтори својата улога на ликот Нео и во четвртиот филм на режисерско-сценаристичкиот двоец Лана и Лили Вачовски.

Во „Матрикс 4“ се враќа и глумицата Кери-Ен Мос, која за американските медиуми изјави дека никогаш не очекувала оти ќе се случи четвртиот дел. Првиот филм беше прикажан 1999, а наредните две продолженија – во 2003 година.

Засега нема информации дека и Лоренс Фишбурн, третиот член на славното тројство, ќе се врати во приказната.

Филмот е засега во претпродукција.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/06/2020 12:06