Европската федерација во бокс, ЕУБЦ организираше интересен настан со наслов „SHADOWBOXING CHALLENGE“ на кој сите боксери од Европа испраќаа свои видеа од тренинг објавени на социјалните мрежи. Македонскиот боксер Енис Алиу од клубот Алексо Огненовски од Охрид, во конкуренција на боксери до 14 години освои бронзен медал.

„SHADOWBOXING CHALLENGE“ беше одговор на пандемијата предизвикана од коронавирусот, започна на 11 мај и траеше до крајот на месецот, а специјалното жири ги одбра најдобрите видеа.

Одлуката на жирито се темелеше на техниката на боксерите, одбраната и нападот.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/06/2020 12:24