Бордот на директори на Светската карате федерација ИТКФ во текот на вчерашниот ден одржа онлајн состанок на кој учество зема и македонскиот каратист Дејан Недев.

– Се разговараше за настанатата ситуација со Ковид 19 и беше одлучено да поради безбедност и здравје на каратистите во светот, сите предвидени настани за оваа година се одложат за наредната година. Беа донесени многу важни одлуки за развојот на традиционалното карате во светот и беа формирани и одобрени неколку комитети и комисии кој ќе работат во интерес на ИТКФ, информираа од МТКФ.

Се избраа неколку комисии и комитети, во нив од нашата ќе членуваат Венцислав Недев (во техничкиот комитет и на шихан-каи комитетот) и Дејан Недев (во комитетот на спортисти актуелни и поранешни светски шампиони).

Доколку до крајот на годината се подобри ситуацијата со пандемијата можно е да се одржат континенталните шампионати во Европа, Африка, Америка, Азија и Океанија, а светскиот ИТКФ шампионат е предвиден за 2022 година во Европа.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/06/2020 13:10