На подрачјата на општините Гевгелија и Богданци почнаа подготовките за изработка на техничката документација за реконструкција и проширување на регионалниот пат со неопходното геодетско снимање на теренот низ кој ќе минува трасата.

Во периодот до 20 јуни, секој ден од 07 до 17 часот, на потегот од месноста Понов мост кај Гевгелија се до влезот во Богданци, ќе се врши геодетско снимање и геомеханички истражни работи поради кои ќе биде забавено одвивањето на сообраќајот.

Поради ова, се апелира до возачите да имаат разбирање за новонастанатата ситуација, да ја намалат и прилагодат брзината на движење на 50 километри на час со што ќе придонесат за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот на регионалниот пат од Гевгелија до Богданци, како и за непречено извршување на геодетските работи на патот.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/06/2020 13:37