Асоцијацијата Ивент индустрија ИВАП денеска преку соопштение испрати апел до Владата да се слушне нивниот глас и веднаш да се отпочнат разговори за релаксација на овој сектор со оглед на тоа што, како што наведува, компанијата веќе 100 дена има забрана и неможност за работа.

-Речиси 100 дена забранети се јавните собирања, настаните, концертите, семинарите и конгресите. 100 дена забрана и неможност за работа на компаниите од оваа индустрија. И додека во околните земји мерките целосно се релаксираат а настаните се одвиваат без ограничувања, кај нас буквално никој и не размислува за оваа стопанска гранка, соопшти Асоцијацијата.

Од Асоцијацијата ИВАП велат дека оствариле средба со министерката за финансии на која ги разгледале можностите за рестартирање и помош за секторот, но како што посочуваат, уште немаат конкретни резултати од средбата.

-Уште на почетокот на кризата предупредивме дека сме првите кои не затворија, на крајот на февруари и дека ќе бидеме последни што ќе не пуштат. Сега гледаме дека за жал сме биле во право. Иако станува збор за сектор забава, нашите компании се сериозни и зад нас стојат најголемите и најзначајни оранизирани настан и во Македонија. Нам и најдолго време ќе ни треба за да отпочнеме со работа, бидејќи подготовката на еден настан не се случува преку коќ, соопшти ИВАП Асоцијацијата.

Додаваат дека доколку не им биде понудена соодветна поддршка и не бидат прифатени нивните барања ќе бидат приморани да ги отпуштат вработените и да ги затворат компаниите.

-Освен редовно вработените, засегнати се и голем број на други сектори, индустриии физички лица од различни профили – актери, музичари, водители, фотографи, сликари, дизајнери,костимог рафи, сценографи, светло мајстори, како и кастинг агенции, печатници, кетеринг служби, агенции за обезбедување, програмери,техничари, енергетичари,превозници, бравари, столари, посочува компанијата.

Асоцијацијата на Ивент Индустријата ИВАП ја сочинуваат фирми кои се занимаваат со организација на настани од секаков вид, компании за изнајмување на техника, видео и аудио продукции и техничка поддршка на настаните



Автор: Администратор
Објавено на: 10/06/2020 19:27