РК Прилеп добива големо засилување во името на Реваз Чантурија, кој после една сезона помината во Металург се сели во Прилеп.

Грузиецот со македонски пасош за својата селекција беше активен рептезентативец цели 18 години. Својата кариера ја започна во Грузија во екипата на ГТУ Шевардени. По неколку сезони поминати во Грузија доаѓа во Македонија во екипата на Металург. После трансферот во Металург Реваз до ден денес остана верен на Македонија и својата интернационална кариера продолжи да ја гради во нашата земја.

Неговите следни клубови во Македонија се Вардар ПРО, Пелистер, Макс Струмица, па повторно во дресот на Пелистер, Струга и својата последна сезона ја одигра во екипата на Металург.

Реваз е играч со искуство во Лигата на Шампионите и освојувач на Супер Лигата со Металург.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/06/2020 01:08