Жозе Мурињо нема да може да смета на еден од најдобрите играчи на Тотенхем за важното дерби со Манчестер Јунајтед, кое на програма е следниот петок.

Причината за ова е што Фудбалската асоцијација на Англија го казни халфот со еден меч и парична казна од 50.000 фунти за објава на социјалните мрежи, објавена во февруари.

Тогаш Али постави клип на „Снепчет“, во кој тој на шега поврзува човек со азиско потекло, кој е близу до него на аеродром, со закана од КОВИД-19.

Набргу потоа, англискиот репрезентативец го симна видеото, а подоцна двапати се извини. Сепак, ФА го обвини за навреда од расистички основи.

Покрај споменатата казна, Деле Али ќе мора да помине и на тренинг курс.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/06/2020 16:49