Сојузот на спортови на Скопје и Атлетски клуб „Работнички“ од Скопје информираат дека трката „HalkEco Хронометар 10KM“ нема да се одржи утре, бидејќи не добиле одобрение од МВР- ПС Центар.

Организаторите посочија дека протоколот за одржување на трката бил одобрен од Комисијата за заразни болести при Министерството за Здравство.

Точниот датум на одржување на трката „HalkEco Хронометар 10КМ“ ќе биде соопштен дополнително од страна на организаторите.

– На оние учесници кои што се пријавија да се натпреваруваат на првичниот датум, а нема да се во можност да се натпреваруваат на новиот датум, парите за котизација ќе им бидат вратени, истакнаа организаторите.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/06/2020 19:34