Еден од најпознатите тенисери во историјата на овој спорт – Рафаел Надал, смета дека неговиот уникатен рекорд од 12 Гренд слем титули на „Ролан Гарос“, порано или подоцна, ќе се подобри.
– Секој знае за мојот успех во „Ролан Гарос“. Многу е и јас го постигнав тоа многу тешко, но јас сум обичен човек, не знам кога, но мојот рекорд во Париз ќе се подобри. И тоа не е застрашувачко. Мојот живот ќе продолжи после тоа и јас ќе бидам горд на моите достигнувања. Кога ќе ја завршам кариерата, нема да размислувам за титулите. Среќата не се мери со пехари и рекорди, изјави Шпанецот.