Фудбалерот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо може да го напушти клубот на крајот на сезоната. Тој е подготвен да се врати во Манчестер сити, за што зборуваше порано, секако доколку пристигне понуда од премиерлигашот, тврди „Сан“.

Главниот кандидат за играчот е Манчестер јунајтед. Борусија бара за трансферот 115 милиони фунти, но Јунајтед не се подготвени за ваква сума.

Дваесетгодишниот фудбалер оваа сезона одигра 41 натпревар за Борусија и постигна 20 голови со 20 асистенции.

Transfermarkt ја проценува неговата вредност на 117 милиони евра. Договорот на играчот важи до летото 2022 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/06/2020 12:32