Тренерот на Серена Вилијамс, Патрик Муратоглу верува дека Американката сигурно ќе учествува на годинашното издание на УС Опен доколку се одржи турнирот.

Пандемијата на коронавирус предизвика хаос во тенискиот календар, при што Вимблдон за прв пат се откажа во мирно време, додека АТП и ВТА беа прекинати до крајот на јули. „ФлешингМедоус“ се уште е предвидено да се случи во август-септември во Њујорк, каде е епицентарот на инфекцијата во САД, каде има повеќе од 2 милиони регистрирани случаи и 115.000 жртви.

Неколку тенисери веќе изразија загриженост за враќањето на спортот во 2020 година, но Муратоглу изјави дека Вилијамс се вратила на теренот по раѓањето на нејзината ќерка за да освои Гренд Слем титули и ќе се обиде да го изедначи целокупниот рекорд кој моментно го држи Маргарет Корт со 24 титули.

– Таа дефинитивно се врати во тенисот за да освои Гренд Слем титули, тоа е нејзината цел. Исклучително е тешко за еден играч да е надвор од турнири. Значи, УС Опен е прва можност за неа. Ќе има многу ограничувања и треба да разговарам со неа за да откријам дали е подготвена да ги прифати и да се справи со овие предизвици, изјави тој за Радио 4 на Би-Би-Си.

Неколку од водечките имиња во спортот, меѓу кои и Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ, изјавија дека рестриктивните мерки се премногу драконски, како што е фактот дека тенисерите ќе имаат право да однесат само едно лице со себе на турнирот.

Муратоглу верува дека ќе и биде тешко на Вилијамс да се раздели од 2-годишната ќерка Алексис, и се пошегува дека детето веројатно ќе треба да ја преземе улогата на тренер.

– Не можам да замислам дека ќе биде три недели без ќерка и. Значи, може да има нов тренер за УС Опен, малку помлад. Со оглед на нашиот настап во последните седум финалиња на Гренд Слем, нејзината ќерка може да се справи далеку поуспешно од мене, заклучи францускиот тренер.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/06/2020 23:59